Сите го забележија истиот детал – Меланија Трамп стави заштитна маска и Инстаграм не е задоволен, а еве и зошто!

16 јули, 20200
melanija

Љубителите на модата не го сакаат начинот на кој првата дама на Америка се заштитува од вирусот…

Додека нејзиниот сопруг Доналд Трамп само пред неколку дена започна да користи заштитна маска во јавност, Меланија Трамп беше официјално фотографирана со маска уште во април.

Оттогаш, таа се појави без маска на сите настани на кои присуствуваше, но сега Првата дама на Соединетите Држави почувствува потреба уште еднаш да спомене колку е важно да не се релаксираме и да се почитуваме мерките за заштита од корона вирусот.

Таа на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од себе како носи маска и напиша:

– “Дури и во летните месеци, не заборавајте да го покриете лицето и да држите растојание. Колку повеќе мерки ќе преземеме сега, толку поздрава и побезбедна ќе биде државата на есен.”

Она што, сепак, го привлече вниманието на многумина е дека Меланија сподели стара фотографија и инаку се појавува без маска додека ги поканува другите да ја користат редовно. Подеднакво внимание привлече фактот дека таа ја избра најобичната бела маска,додека другите очекуваа да носи малку помодерна маска. Сепак, дали била со интересен дизајн дали обична, на крајот најважно е што маската штити, така?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi