Сите се бесни на Хaри и Меган – „Нема шанса тие да се вратат назад во кралското семејство!”

27 јули, 20200
besni na

Биографијата за Меган Маркл и принцот Хари е главна тема во британскиот печат, а според последните извештаи, таа неповратно ги нарушила односите со кралското семејство.Како што тврдат инсајдерите, никој веќе е верува во нивните тврдења дека немаат никаква врска со биографијата, а книгата ги уништи сите шанси кралското семејство да им помогне да го најдат нивното место во Соединетите Држави, кадешто се преселија оваа година. Иако Меган и Хари негираа дека разговарале со авторите на книгата, тие не негираа дека тоа го направиле нивни блиски луѓе.Книгата особено ќе го наруши односот помеѓу Меган и Хари од една страна и неговиот брат Вилијам и Кејт Мидлтон од друга страна.

“Вратата секогаш ќе биде отворена за нив затоа што тие се членови на семејството. Но, сега е тешко да се види како би можеле да ја спасат улогата што ја посакуваат, улогата на “хибридни членови на кралското семејство” со комерцијални кариери без кралски должности”, рече еден инсајдер.Друг додава: „Периодот на проценка не заврши, но се чини дека нема начин тие да се вратат во кралското семејство. Многу приватни семејни работи сега завршија во јавноста, а се чини дека се случило благодариение на Меган и Хари. Ова ќе им наштети на многумина.”

Книгата го опишува затегнатиот однос меѓу Вилијам и Хари, но и романсата меѓу Меган и Хари што започна толку сериозно што тие ја изјавија јавно својата љубов само после три месеци.

Некои од тврдењата напишани во книгата се:

Меган го воодушеви Хари толку многу што по вториот состанок тој беше убеден дека тоа е жената со која треба да се омажи;

Меган се договарала со папараците „случајно“ да ја снимаат додека ја снимаше серијата „Suits“ во Канада, а кога влезе во кралското семејство тврдеше дека не ја разбира културата на таблоидите;

Нејзините пријатели тврдат дека наишла на предрасуди во палатата, а некои отворено рекле дека не и веруваат;

Хари смета дека Вилијам е сноб затоа што го убедил да не брза со Меган, загрижен дека неговиот брат бил заслепен од љубовта. Ова е причината зошто браќата денес едвај комуницираат;

Меган беше разочарана затоа што Кејт не ја примила убаво во нивното семејство;

Еден постар член на кралското семејство ја нарече Меган „Harry’s Showgirl“;

Хари се чувствувал незаштитен и омаловажуван затоа што бил „премногу чувствителен и отворен“;

Постарите членови на семејството сметаа дека глобалната популарност на Хари и Меган треба да се задуши;

Плачејќи, Меган им се пожалила на своите пријатели: „Се откажав од својот живот поради тоа семејство“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *