Сите се прашуваат како воопшто влегла: Ријалити ѕвездата шокираше со изгледот на доделувањето на Оскарите, Твитер гори од шеги на нејзина сметка
10 февруари, 20200
На 92-то доделување на Оскарите, меѓу гостите беше и Блек Чајна, поранешна стриптизета и реалити sвезда која беше во врска со раперот Тајга, а подоцна и со Роб Кардашијан, со кого има ќерка и со кого подоцна објави војна.
Оваа старлета се појави во црн фустан со многу провокативен крој – деколте до папок и шлиц до колкот, оставајќи ѝ малку на имагинацијата, а на многумина им пречеше нејзиното издание, како и фактот дека таа го прошета црвениот тепих на овој престижен настан. На социјалните медиуми кружат шеги на нејзината сметка, при што многумина посочуваат дека би можеле и тие да дојдат на Оскарите кога Блек Чајна е веќе таму.