Славниот готвач призна дека на децата нема да им остави никакво наследство: Има добра причина за тоа!

9 ноември, 2020
gordon-remzi-830x0


Еден од најпознатите светски готвачи е Гордон Ремзи, а вчера на 8 ноември го прослави својот 54 роденден. Во интервју за британски Телеграф, славниот Шкотланѓанец откри дека нема да остави речиси ништо од своето богатство на своите деца. Само мала количина. Тој има добра причина за тоа. Имено, Гордон сака неговите наследници да поминат низ животот сами и да заработат пари.

– Не го правам ова од злоба. Јас едноставно не сакам да станат расипани летви – рече Ремзи


Уште од првиот ден им наметнав на моите деца дека има ред и работа. Освен што ги штитам од станување расипани кретени, јас исто така треба да ја почитувам мојата работа и луѓето кои работат за мене, и да не дозволам некое разгалено дете да им пречи додека работат само затоа што нивниот татко им е шеф. Се обидов да ги одгледам што е можно понормално. Секој работи нешто – чува животни, секој има домашна работа … Добива џепарлак, но мора да го заработи – рече тој.