„СЛУШАМ КАКО ЌЕРКА МИ ПЛАЧЕ, НО НЕ МИ Е ГАЈЛЕ“: Ким Кардашиан се смета себе си за СТРАШНА МАЈКА!

7 ноември, 2020
ким кард

Во неодамнешното интервју, ријалити sвездата, Ким Кардашиан отворено зборуваше за одгледувањето на своите деца во бракот со Канје Вест.


Таа откри каков е животот во карантин со четири деца, но и зошто понекогаш се чувствува како лоша мајка.

Последните неколку месеци за Ким Кардашиан беа едноставно неподносливи. Нејзиниот живот се смени суштински, па во согласност со карантинот и епидемиолошка состојба, таа ги одложи своите обврски, деловните планови и патувањата.

Тоа беше можност уште повеќе да се зближи со семејството, со сопругот Канје Вест и четирите деца, на кои не успева да им посвети доволно внимание.


Сепак, по неколку недели поминати дома, Ким сфати дека реалноста е многу поразлична отколку што замислувала.

Да се ​​биде мајка на четири деца не е лесна задача.

– Бидејќи Канје е сега во изолација,сите обврски остануваат на мене. Постојано бев опкружена со деца. Тоа ме радуваше на почетокот, но потоа ме исцрпи. Буквално ја слушам како ќерка ми плаче во другата просторија и воопшто не ми е гајле. Се чувствувам како ужасна мајка.

– Знам дека многумина минуваат низ истите предизвици, и дури сега ги разбирам. Сега сум дефинитивно сигурна дека треба да бидам помалку самокритична. Едно нешто сфатив, ако некогаш сум помислила и на петто дете, сега сум сигурна дека не го сакам тоа – заклучи Ким.