СО ГОДИНИ ВО КАВГА: Ким Катрал откри како изгледа денес нејзиниот однос со поранешна колешка од „Сексот и градот“

24 септември, 2020
1315470

Познатата 64-годишна Ким Катрал во едно интервју откри како изгледа денес нејзиниот однос со 55-годишната Сара Џесика Паркер, колешка од хит серијата „Сексот и градот“ во која глумат неразделни пријателки.

„Сето тоа е на Гугл, затоа ве охрабрувам да најдете таму што реков за нашата врска“, објасни Катрал, истакнувајќи дека не жали.

Шпекулациите за нарушениот однос со актерката Сара Џесика Паркер, Катрал ги предизвика за првпат во 2017 година кога и откри на јавноста дека со нејзините колеги од серијата, Кристин Дејвис, Синтија Никсон и Сара Џесика Паркер, таа не е толку блиску како нивните ликови на малите екрани.

„Никогаш не сме биле пријатели, но колеги, и тоа е некако здрав однос“, еднаш му рече Катрал на британскиот водител Пирс Морган. Во февруари 2018 година, Сара Џесика Паркер реши преку социјалните мрежи јавно да и изрази сочувство на Ким Катрал по смртта на нејзиниот брат Крис.

Нивната расправија придонесе и за одлуката на Ким Катрал да не глуми во третото филмско продолжение на серијата „Сексот и градот“ со изјава за британскиот „Дејли мејл“ во јули 2019 година дека повеќе не планира да работи на таа франшиза.

escort - Korsan taksi