СО НЕА НЕМА ШЕГА: Една жена го тужеше поранешниот партнер затоа што не ја запросил по 8 години врска!

10 декември, 2020
svadja


Необичната приказна предизвика лавина коментари…
Многу е болно кога долгорочните врски „пукнуваат“, а една девојка отиде толку далеку што реши да го туши поранешниот партнер.

Имено, Гетртуда Нгома го тужеше своето поранешно момче Херберт Салалики, повикувајќи се на фактот дека тој и го трошел времето осум години во врска и немал сериозни намери.
Двајцата имаат син, но сепак живеат одвоено – таа со своите родители, додека Херберт живее сам.

Тој на нејзе и го исплатил миразот што вообичаено се плаќа во Замбија пред венчавката, но тие не отидоа подалеку од тоа што се однесува за плановите за венчавки.

Гетртуда (26) вели дека и здосадило да го чека да ја запроси, па го одвела кај судијата.

„Тој никогаш не беше сериозен, па затоа го донесов на суд затоа што сметам дека заслужувам да знам дали има нешто од нашата иднина“, рече таа.

Работата беше дополнително комплицирана кога таа го обвини дека гледа и други жени. Херберт се бранеше тврдејќи дека нема пари за венчавка, но исто така изјави дека Гетртуда не му посветува доволно внимание.

Верувале или не, овој случај заврши со тоа што судијата нареди помирување меѓу нив.

escort - Korsan taksi