Солзите на Новак го заобиколија целиот свет со невидена брзина. Реакциите не стивнуваат!

16 јуни, 2020
novak

За солзите на српскиот тенисер пишуваa и ESPN, Eurosport, Sunday morning, Tennis magazine, Gardian, Jahoo, BBC, Sky sport, Fox и многу други медиуми.

Новак по мечот со германскиот тенисер Зверев имал голем наплив на емоции на теренот, едноставно не можел да ги задржи солзите.

“Навистина беше емотивно последниве неколку денови, би им се заблагодарил на сите кои го поддржаа овој настан и сите кои дојдоа. Не плачам толку заради поразот и финалето, добив излив на емоции и се сетив на детството”, изјавил емотивниот Ѓоковиќ.

Реакцијата на рекетот број 1 привлекла големо внимание од страна на светските медиуми.

“Емотивниот Новак Ѓоковиќ отпадна од групната фаза на својот хуманитарен турнир во Белград, но неговите солзи немаат врска со конечниот пласман”, истакнува ESPN.

“Новак се ‘скрши’ по неколку емотивни денови”, наведува Fox.