Средбата со принцот Чарлс за малку ќе завршеше трагично

12 јули, 20200
хфгхгх


Британскиот принц и наследник на престолот, 71-годишниот Чарлс, како и другите членови на кралското семејство, привлекува големо внимание на јавноста. Откако се опорави од коронавирусот и кога мерките во Велика Британија се опуштија, Чарлс се врати на своите должности, па затоа деновиве ги посети вработените во британскиот супермаркет. Па еден вработен со кого разговараше се онесвести пред него.

По краткиот разговор, имено, работник чие име не е познато, паднало на земја. Дали станува збор за топлина, замор или возбуда заради разговор со наследникот на престолот – не е познато. Сепак, снимката од инцидентот, на кој се гледа како вработен паѓа и скоро ја удира главата на работ на тротоарот, а принцот Чарлс и другите вработени кои истрчаа во негова помош, стана вирално. За среќа, сè помина без сериозни последици и вработениот брзо стана и го заврши разговорот, што на крајот резултираше со аплауз. На крајот од посетата, Чарлс им се заблагодари на вработените во споменатиот дистрибутивен центар на симпатичен начин. „Благодарам, многу ви благодарам на сите. Кога сето ова ќе заврши, вие заслужувате „пијалок“, рече принцот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi