Сте слушнале за поштен ХАКЕР? Украл 25 милиони- па ги вратил! Верувате?

24 април, 20200
хакер

„Мистериозен“ хакер, наводно, прво украл 25 милиони долари во криптовалути, а потоа две години подоцна ги вратил.

Податоците кои сведочат за тоа, покажуваат дека неколку различни криптовалути се повлечени од платформата DForce, која со седиште e во Кина. Сумата потоа е вратена на ист начин како што е украдена, исто така во криптовалути, пренесува BBC.

Беа украдени неколку различни криптовалути. Највисоката вредност од вкупно 10 милиони американски долари беше изразена во Ethereum. Од другите 15 милиони, 10 беа во различни криптовалути, но сите беа врзани за американскиот долар. Останатите нешто повеќе од 4 милиони се состоеја од други различни криптовалути.

Она што е особено интересно за овој случај, покрај фактот дека крадецот го вратил она што го украл, е дека хакерот вратил сума на пари идентична на украдената, но во различен однос на криптовалутност од „мешавината“ што ја украл. И враќањето на истата е направена преку платформата DForce.

Инаку, DForce им овозможува на корисниците да извршуваат меѓусебни трансакции во криптовалути, па затоа од платформата веруваат дека ова би можело да биде еден од начините на кој што крадецот успеал да го измами нивниот систем.

DForce рече дека јавноста детално ќе ја извести за овој случај кога ќе има повеќе информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *