Талат од „Преспав“ покажа како изгледа „земјотреско селфи“

12 ноември, 2020
talat

Дритон Вејсели или Талат од „Преспав“ покажа како изгледа „земјотреско селфи“

Остануваат нешто помалку од два месеци до крајот на 2020та година, а дефинитивно оваа година ќе се памти.

Во светот завладеа пандемијата со коронавирусот, а со тоа ја промени нашата реалност, но ги стави и на пауза уметниците, музичарите, актерките.

Но, освен тоа што ни ја промени и реалноста, вирусот и однесе многу жртви.

Меѓутоа, тоа не е се. На лошиот период како да нема крај. Освен тоа што во Скопје е најголемиот број на заразани, Скопјани вчера ги разбуди силен земјотрес чиј епицентар беше во областа на Маврово.

За среќа, земјотресот не предизвика никакви штети, но ги разбуди и исплаши граѓаните кои го почувствувале.

Македонскиот актер Дритон Вејсели или кој е познат по неговата улога Талат во „Преспав“ на социјалните мрежи се пошегува и покажа како изгледа „земјотреско селфи“.

Имено, тој во кусите приказни на Инстаграм објави фотографија од себе која е замаглена и не се гледа ништо, а во описот напиша „земјотреско селфи“.

Веруваме, дека ова фотка ги насмеа неговите следбеници, а фановите на „Преспав“ едвај чекаат да започне новата, петта сезона на серијата чие емитување започнува во декември.

escort - Korsan taksi