„Ти благодарам Кајли, ти си мојот херој“: Познатата докторка се расплака поради донацијата на најмладата милијардерка
27 март, 20200
Кајли Џенер, дел од семејството Кардашијан и најмладата светска милијардерка, донираше 1.000.000 американски долари за време на пандемијата на коронарна вирус.
Џенер донираше пари за заштитни маски, како и дополнителна медицинска опрема за лекарите кои лекуваат пациенти со корорна. Оваа вест ја потврди докторката која ја донесе на свет ќерката Кајли Џенер, Сторми.
„Останав без текст, очите ми се полни со солзи радост, а срцето ми е исполнето со благодарност … Благодарам Кајли Џенер. Ти си мојот херој. Оваа великодушна донација ќе помогне во спасување на многу животи“, рече докторката.