Тие мислат дека се најдобри: Ова се најголемите нарциси на зодијакот, а еден се истакнува со својата самобендисаност

27 мај, 20200
зодијак

Нарцисите се потоксични отколку што мислите. Тие се подготвени да сторат сé за да го достигнат тоа што сакаат и да дојдат во прв план.

Некои нарциси се целосно свесни за нарцизмот и не прават ништо во врска со тоа, затоа што не мислат дека нивните особини се лоша работа.

Ако гледаме од аголот на астрологијата, постојат хороскопски знаци кои покажуваат нарцизам, па затоа другите ги перцепираат како препотетни лица и егоцентрици.

Бик

Биковите за себе мислат дека се најдобри и заслужуваат повеќе од повеќето луѓе. Тие често не можат да ги разберат другите, секогаш ги гледаат сопствените интереси и тешко им е да го контролираат својот гнев. Луѓето родени во знакот на Бик се манипулатори и можат да бидат плитки и материјалисти. Сепак, она што ги иритира многу луѓе е нивната способност да ги убедат луѓето да прават работи што инаку не би ги правеле.

Лав

Лавовите се полни со себе и искрено веруваат дека светот се врти околу нив. Тие се претставуваат како многу сигурни, но се тајно несигурни, исто како и нарцисите. Лавот практично го измислил љубовното бомбардирање, тактика да освои некого со внимание, подароци, пораки и цвеќиња. Лавот ќе стори сé за да ги задоволи сопствените желби и не му е грижа дали некој ќе биде повреден во тој процес. Ако сакате да се оддалечите од нарцисоидниот Лав, тој ќе ве направи жртва.

Скорпија

Скорпијата станува нарцисоидна ако сте ја повредиле или сте ја изневериле – тогаш тие стануваат фокусирани на одмазда. Кога Скорпијата е на воениот пат, не и е грижа кој ќе биде повреден. Нејзините средства за напад се пресметани и честопати насилни. Таа често користи други луѓе за да го добие она што го сака. Скорпијата има талент за целосно блокирање и бришење на луѓето од својот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *