Тијана Дапчевиќ донесе важна животна одлука!

21 октомври, 2020
tijana 2

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ  постојано живее на релација Белград – Скопје.

Таа многу често доаѓа во Скопје за да го посети нејзиното семејство, односно нејзините родители, но и нејзината сестра Тамара Тодевска.  Исто така Тијана често е во Македонија поради и нејзиниот ангажман во серијата Преспав каде што ја игра улогата на Германката Ула.

Кога не е во Скопје, Дапчевиќ е Белград каде што живее со својот сопруг Милан Дапчевиќ и синот Вук.

Пејачката живее во стан во српската престолнина, а како што пишуваат српските медиуми, таа наводно планира да се пресели.

„Тијана сака помирно место, почна да и пречи оваа гужва во Белград, па таа и Милан одлучија да се преселат во Сомбор каде што купија голем имот“, тврди извор за „Стар“.

„Инаку, мажот на Тијана е од Сомбор, па се поврзани за тој град. Таму е помирен животот, а имаат план да развијат и бизнис, но полека, допрва треба куќата да се гради“ додава изворот.

„Милан со години се занимава со земјоделство, па планира да продолживо таа насока,  а во Сомбор ќе ги има сите тие услови. Тијана пак сонува да има куќа и двор“ вели изворот.

Дапчевиќ е среќна и што нејзината сестра Тамара ќе може да ја посетува.

„Едвај чека се да биде готово и да се преселат, па сестра и да дојде со децата. Веќе со мажот и синот размислува како ќе им изгледа куќата, а нивниот син е пресреќен бидејќи ќе може да има кошаркарки и фудбалски терен“, заклучува изворот.

И Тијана во една прилика истакна дека планира да се исели од Белград и заедно со семејството да живее во некое помирно место.