Транссексуалната тинејџерка родена со машки органи сега е БРЕМЕНА: Таа дозна дека има женски репродуктивни органи!

18 ноември, 2020
МАЈКИ

На 13-годишна возраст, Мајки откри дека е хомосексуалка и подоцна се прашуваше дали е можеби трансродна. Минатата година беше подложена на рутински медицински прегледи кога беше откриено дека има внатрешни женски репродуктивни органи.


Мајки Шанел (18) од Бостон, Масачусетс, се чувствуваше поразлично од момчињата со кои порасна, и покрај тоа што нејзиното семејство ја одгледаа како маж. Додека таа сè уште беше во стомакот на нејзината мајка, тестовите утврдија дека Мајки ќе се роди како девојче и ги шокираше нејзините родители и докторите кога таа се роди со машки гениталии.

– На сите им беше очигледно дека сум различна од самиот почеток. На само пет години, си играв со кармините на мама и чантите на тетка ми. Никогаш не се чувствував како момче. Бев прилично женствена и никогаш немав проблем со „машкиот пубертет“. Имав многу малку влакна на телото, но и женска градба – рече Мајки.
На 13-годишна возраст, Мајки открила дека е хомосексуалка и подоцна се прашувала дали е можеби трансродна. Минатата година беше подложена на рутински медицински прегледи кога беше откриено дека има внатрешни женски репродуктивни органи.

– Имав чудно чувство после мокрење и после секс, па ми направија ултразвук на уринарниот систем. Ми рекоа дека имам грло на матката, јајниците, матката и јајцеводите и дека можам да забременам ако сакам – објасни таа.
На Мајки му беше дијагностициран перзистентен синдром на каналите (PMDS), ретка состојба кога едно лице има надворешни машки гениталии, но внатре женски репродуктивни органи. Затоа, докторите ја советуваа да направи хистеректомија, хируршко отстранување на матката, бидејќи луѓето со овој синдром се повеќе склони кон рак и тумори.

Сепак, откако дозна дека нејзините машки репродуктивни органи се неплодни, таа објасни дека не може да ја одбие можноста да има свое дете пред да ја помине процедурата.
– Отсекогаш знаев дека сакам да станам родител. Играв со кукли, и секогаш сум сакала деца, па решив: Сега или никогаш, морам да се обидам да останам бремена – рече таа.

После тоа, таа беше подложена на низа процедури за плодност, вклучително и ICSI што вклучува донирана сперма која се инјектира директно во женското јајце за да го оплоди ембрионот. Бидејќи Мајки немала вагинален отвор, три оплодени ембриони и биле всадени во фалопиевата цевка низ абдоминалната празнина.

– Ми рекоа дека има само околу 20 проценти шанси да работи, но тоа успеа, и јас бев толку шокирана, но и среќна. Едвај чекам да бидам мајка. Моите родители не беа до мене кога бев дете, па затоа сакам да бидам родител како што не можеа да бидат моите родители, навистина сакам да бидам секогаш тука за моето дете. Сакам да бидам тука за сите, од првиот чекор и првиот збор до дипломирањето на колеџ, сакам да бидам нивна поддршка во сè – откри Мајки.

Откако и препишаа естроген за да и помогне во бременоста, Мајки вели дека сега се чувствува повеќе како жена од кога било и се надева дека ќе ја продолжи трансформацијата по раѓањето на детето.

escort - Korsan taksi