„Треперев пред него“: Вереницата на Кристијано Роналдо откри што ја привлекло кај фудбалерот

4 февруари, 20200
georgina

Убавата Џорџина детално објасни како влијаеле врз неа првите средби со познатиот Португалец.

Џорџина Родригез ја отвори душата за италијанскиот магазин Grazia и им раскажа сѐ за нејзината врска со славниот фудбалер. Се започна кога се запознаа во една од продавниците на брендот Gucci во Мадрид, каде таа работеше како продавачка.

Таа истакна дека тој е единствениот човек пред кого „треперела“ и дека токму тоа најмногу освоило и ја привлекло.

– Неговата висина, неговото тело и убавина ми го привлекоа вниманието. Треперев пред него, но имаше искра. Јас сум многу срамежлива и можеби ова ме натера уште повеќе да се вознемирам пред личноста која длабоко ме допре со само еден поглед. После тоа, начинот на кој Кристијано се однесува со мене, како се грижи за мене и како ме сака, го направи останатото – изјави таа за овој магазин.

Џорџина, која ја има ќерката Алан Мартин со Роналдо, исто така зборуваше за стресот што го доживеала поради вртоглавата слава на португалскиот фудбалер.

– Ситуацијата беше неподнослива. Луѓето ме демнеа. Ме бараа на мобилен, репортерите доаѓаа во продавницата преправајќи се дека се клиенти. Не можам да излезам затоа што секогаш некој сака да ме фотографира. Затоа морам постојано да се грижам за мојата безбедност – признава Џорџина.

Таа не ги пропушта натпреварите на своето момче и истакнува дека тој е најдобар и без конкуренција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi