Трик со кој чипсот и грицките остануваат свежи и крцкави подолго време

12 април, 2020
Cips

Уметноста на виткање хартија достигна едно сосема поинакво ниво со забавниот трик што кружи низ социјалните мрежи …

Откако расчистивме сè, гледавме во серии и завршивме со купување, можеме, да речеме, да научиме нова вештина за положување хартија.

Не, не станува збор за оригами, туку станува збор за половина изедена ќеса со чипсови или некоја друга грицки што сакаме да ја задржиме свежа. Уште едно од виралните „пронајдоци/изуми“ по кој ќе ја паметиме „возбудливата“ 2020  што го сподели славната готвачка Падма Лакшими на својот Твитер со статус: „Како не го знаев ова порано?“.

Ако успеете да не ја изедете цела кеса со чипс, погледнете го ова видео кое покажува како да ја затворите кесичката, а да ја задржи нејзината свежина.