Уште една заразена од серијата која ја обожавеме: Актерката од „Game Of Thrones“потврди дека е позитвна на коронавирус

19 март, 20200
got

Популарната актерка Индира Варма, која е позната по улогата како Еларија Пежана во хит серијата Game of Thrones, потврди дека се тестирала за COVID-19 и дека резултатите се позитивни.
46-годишната британска актерка во средата им соопшти на фановите дека е во каратин поради корона вирус и дека пробите за претставата „The Seagull“, во која глуми со Емилија Кларк, се откажани.

Јас сум во кревет и не ми е пријатно. Останете безбедни и здрави и бидете љубезни кон вашите најблиски – напиша таа во својот пост.
Инаку, Варма не е единствената заразена од серијата „Game of Thrones“. Пред неколку дена, Кристофер Хиву, кој го игра добродушниот Тормунд, самиот откри дека е заразен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi