Ванеса Брајант ги повика Политичарите јавно да ја поддржат!

23 јуни, 20200
vanesa

Ванеса Брајант, вдовица на трагично починатиот легендарен кошаркар Коби Брајант ги повикува политичарите да го поддржат законот што ќе ги заостри мерките на безбедност за луѓето што користат хеликоптери и кои, според нејзините зборови, би „спасиле многу животи“.

Ванеса верува дека и нејзината ќерка и сопругот би биле живи денес, доколку овој закон стапеше во сила на тој трагичен ден во јануари.

Законот што се вика „Коби и Џоана Брајант Хеликоптерски акт за безбедност“ беше официјално претставен на американскиот Конгрес во четвртокот.

“Испраќам силен апел до Конгресот на САД да усвојат федерален закон со кој ќе се подобри безбедноста на хеликоптерите што работат во оваа земја. Верувам дека постоело шанса Коби и Џоана да преживеат ако хеликоптерот бил опремен според овој закон”, се вели во соопштението на Ванеса Брајант.“

Овој закон се обврзува дека секој хеликоптер што превезува повеќе од шест лица мора да биде опремен со систем за снимање и предупредување на теренот, потоа со рекордер на летови, како и со диктафон во кокпитот.

„Верувам дека овие мерки ќе спасат многу животи. Ние како патници во летачките возила претпоставуваме дека се преземени сите мерки на безбедност пред полетувањето за да се спречат несреќи. За жал, тоа не е случај и авиокомпаниите мораат да го дадат својот дел за да го заштитат животот. “, објасни Ванеса.

Коби, Џоана и уште седуммина беа загинати откако хеликоптерот се урна на 28 јануари.

Според најновите информации, пилотот на хеликоптерот бил дезориентиран и немал идеја каде точно се наоѓа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi