24 јануари, 2020

Радио

Поранешната актерка досега продавала речиси сè и споделува необични совети за убавина и начин на живот, но сепак може да нè изненади.

Актерката Гвинет Палтроу, која во последниве години стана „велнес гуру“ на нејзината страница „Goop“, споделува разни  совети и продава уште почудни работи.

Сега на нејзината веб-страница, за 75 долари, продава свеќа која мириса на нејзиното меѓуножје. И уште полудо, свеќата е веќе распродадена!

Оваа свеќа на сајтот е опишана како „забавна, убава, секси и преубаво неочекувана“.

Гвинет дури, во описот на производот, на своите фанови им даде објаснување за тоа како е дизајнирана свеќата.

– Се започна како шега помеѓу парфимериите Douglas Little i GP – заедно работеа на мирисот, но ми излета збор и кажав: Уххх … ова мириса на моето меѓуножје, и излезе забавно, убаво, секси и убаво неочекувано па се покажа дека е совршен мирис за свеќа.

Мирисот е опишан како мешавина од гернарија, цитрус бергамот и кедар, во комбинација со роза, а се додава дека мирисот е „фантазија, заводливост и софистицирана топлина“.

И додека веројатно се прашувате зошто таа го продава, и уште повеќе зошто некој би го купил тоа … свеќата е веќе распродадена!

Остави коментар

Почетна // Забава // Верувале или не, веќе е распродадена! Гвинет Палтроу одбра бизарен начин за да заработи, а луѓето не ги жалат парите
Горе