Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака до најсаканата личност: „Секој може да биде татко, но посебните може да бидат тато“

16 декември, 2020
vesna

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска не е од оние корисници на социјалните мрежи кои постојано висат и деноноќно да објавуваат каде се и што прават.

Таа некогаш знае да се огласи објавувајќи нешто поврзано со својата професија односно актерството, да сподели некој момент со децата или пак да го каже своето мислење или став.

Меѓутоа, Весна деновиве на својот „Инстаграм“го покажа својот татко Кирил кој славеше роденден.

По тој повод Петрушевска напиша кратка но емотивна порака:

„Секој човек може да биде татко, но само посебните можат да бидат тато“, напиша Весна покрај фотографијата со татко си.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ВЕСНА БЕЈБИ ПЕТРУШЕВСКА

Под објавата се нижеа честититки, а меѓу нив се најде и онаа на Тијана Дапчевиќ која напиша: „Среќен роденден Кирца“.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ВЕСНА БЕЈБИ ПЕТРУШЕВСКА

Инаку, таткото на Петрушевска наполни 77 години.