ВИДЕО: Им посвети песна – Игор Џамбазов им испрати поздрав на Борисов и Каракачанов

10 декември, 2020
igor 2

Песната Бела чао (Bella chao), „Збогум убавице“, е италијанска партизанска песна која потекнува од времето на италијанската граѓанска војна. Низ светот се користи како химна на слободата и отпорот.

Разни верзии на песната се појавувале во текот на годините, а своја верзија направија актерот Драган Спасов-Дац и композиторот Александар Митевски, за време на карантинот во Македонија.

Нивната верзија насловена како „Корона чао“, премиерот на Бугарија Бојко Борисов ја слушаше во својот автомобил и тоа го сподели на социјалните мрежи.

Македонскиот актер Игор Џамбазов одлучи да испее своја верзија која ќе биде поздрав до премиерот Борисов и вицепремиерот на Бугарија и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

„Каракачанов, Бојко Борисов,  о бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао… Партиџано – тоа сме ние, вие сте тие, другите…“, запеа Игор на видеото.

Слушнете:

escort - Korsan taksi