Викторија Бекам има еден брак и 15 прескапи прстени

12 јули, 20200
vic

Викторија и Дејвид Бекам прославија 21 година од брак минатиот викенд, но со текот на годините, славната дизајнерка собра значителен број прстени за запросување, пишува Vogue.

Таа на својот Инстаграм објави видео компилација на заеднички слики и моменти со зборовите:

“Среќна годишнина! Не можам да верувам дека поминаа 21 година откако рековме „да“. Четири деца, четири кучиња, многу смеа и те сакам се повеќе и повеќе секој ден! “

Поранешниот фудбалер ја запросил поранешната пејачка со голем ромбоиден дијамант на златен прстен, но тоа беше само почеток на нејзината приватна колекција на гламурозен накит што Дејвид и ги подарувал за годишница од брак.

Непосредно по венчавката на парот во Ирска, на 4 јули 1999 година, Викторија се префрли на платина прстен на четвртиот прст на левата рака, и од тогаш нижи прстени со рубини, смарагди, сафири, но и неизбежни дијаманти.

Дејвид во секоја прилика и купува прстен, а еден од најскапите е секако креацијата со розов дијамант што ја доби за својот 30-ти роденден, чија цена е околу еден милион и двесте илјади долари.

Во нејзината приватна колекција од 2007 година, исто така, вклучува и убав смарагден прстен.

Познатата модна дизајнерка, исто така, сака сафири, а Дејвид и го даде ова големо парче накит во 2010 година.

Нејзината колекција исто така вклучува голем дијамант во форма на солза со 17 карати.

Прекрасен прстен со бели и жолти дијаманти, Давид и го подари на Викторија пред две години, на 19 години брак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi