Винона Рајдер ја откри вистинската причина за почетокот на нераскинливата врска со Кијану Ривс

25 јуни, 20200
kijanu

Нивното пријателство трае скоро 30 години и сето тоа започна на сетот на филмот „Дракула (Дракула на Брам Стокер)“ од легендарниот Френсис Форд Копола.

За време на интервјуто за „The Sunday Times“, 48-годишната актерка Винона Рајдер откри интересни факти од нејзиниот живот, вклучително и детали за нејзиното долгогодишно пријателство со Кијану Ривс, кое трае скоро 30 години. Сè започна од сетот на култниот „Дракула“, кога Кијану Ривс реши да ги игнорира барањата на славниот режисер Френсис Форд Копола.

Имено, Копола му дала инструкции на Ривс во кои се наведува дека актерот мора да и вика на Винона Рајдер, како би ги добиле природните посакувани реакции од неа, за време на снимањето на сцената, но Ривс реши да одбие.

„Дозволете ми да објаснам, требаше да ме расплаче“, се сеќаваше на сцената што требало да ја снима кога имала 20 години.. „Беше буквално така, Ричард Е. Грант, Ентони Хопкинс, Кеану … Френсис сакаше сите тие да ми викаат и да кажуваат секакви работи за да ме расплачат“.

Токму заради ваквата реакција на Кијану Ривс, Винона беше воодушевена од актерот и оттогаш започна нивното долгорочно, нераскинливо пријателство, а последен пат кога направија филм заедно беше во 2018 година, романтичната комедија „Како да уловиш ерген?“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi