Вистинските градинари секоја пролет ставаат лушпи од јајца во градината, а еве и зошто!

13 април, 20200
лушпи

Не е тајна дека јајцата се полни со протеини, витамини и минерали и дека се едни од најхранливите намирници на светот. Лушпата од јајцето се состои во 96% од кристали на калциум карбонат и е совршено ѓубриво за вашата бавча.

Природно ѓубриво

Лушпите од јајца се совршен начин на вашата земја да додадете калциум. Многу брзо се разградуваат, затоа не грижете се за тоа дали треба да ги смелете или згмечите. Доволно е само да ги фрлите околу розите или другите садници на кои им е неопходен калциум.

Зимата е секогаш вистинското време да фрлите лушпи на земјата на која на пролет планирате да садите цвеќе.

Ако садите пиперка или домат задолжително додадете им лушпи од јајца и ќе видите како овие билки стануваат бујни токму пред вашите очи.

Лушпите од јајца ќе ги изгонат полжавите од вашата бавча

Доколку имате проблеми со полжави во вашата градина, само здробете лушпи од јајца и наредете ги околу растенијата. Острите краеви на лушпите ќе ги спречат полжавите да се доближат до вашата салата, или до младите, тукушто засадени растенија.

Садови за садење семиња

Бидејќи лушпите од јајца се разградуваат многу брзо, идеални се за садење семиња во нив. Кога растението ќе никне, пресадете го во бавчата заедно со лушпата, онаму кадешто ќе остане трајно. Не заборавајте добро да ја измиете лушпата под млаз топла вода, а потоа да направите дупка во неа пред да го посеете семето.

Храна за прици

И пред и по снесувањето на јајца, на мајката-птица и е потребен калциум во исхраната. Стерилизирајте ги лушпите од јајца така што ќе ги испечете на 250 степени околу 10 тина минути. А потоа изронете ги. Така изронети ставете ги во хранилката за птици, а може и да ги измешате со храна за птици. Здравите птици ќе ја чуваат вашата бавча од штетници.

Естетика

Ако трошите голема количина на јајца, не ги фрлајте лушпите.Стерилизирајте ги во рерна и сочувајте ги се додека не соберете поголема количина на лушпи. Изронете ги, па потоа убаво распоредете ги околу цвеќето и по леите. Белата боја од лушпите ќе изгледа убаво во зелените и расцветани билки, а воедно и ќе го нахрани драгоценото цвеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *