Во споменарот на својата 5 годишна ќерка нашла список на секс пози и играчки!

23 април, 2020
нотес

Тони Аламос од Австралија се шокирала кога го разгледала споменарот со Frozen кој го купила за својата 5 годишна ќерка.

На една од страниците нашла список на секс пози и играчки.

“Проверувајте сè! Да беше споменаров во одделот за возрасни, ќе разберев, но ова е споменар за деца”, изјавила Тони.

Веднаш си помислила дека е во прашање авторска грешка, а тоа се потврдило и кога нејзиниот брат купил ист таков споменар, а во него ја немало содржината. За среќа, 5 годишното девојче сè уште не знае да чита, па не разбрала што пишува.

Од продавницата биле крајно изненадени и ѝ понудиле нов споменар, но Тони решила да го чува- за спомен.