Водителката се активираше на уште една социјална мрежа: Миа Костова влезе во светот на јутјуберите

4 декември, 2020
mia

Познатата ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова, откако почна карантинот постојано споделуваше интересни видеа на својот Инстаграм профил. На истите има безброј прегледи, а нејзините следбеници постојано ѝ бараа нови.

Тоа траеше сѐ до пред неколку дена. Имено, Миа конечно се реши за еден посериозен чекор. Од видеата на Инстаграм, таа премина на едно посериозно скалило, односно направи свој канал на Јутјуб, каде што сите ќе имаат можност да ги следат нејзите видеа.

Вчера го објави првото видео, кое го посвети на кратката авантура во Маврово, а истото за кратко време има навистина завиден број на прегледи.

Дали Миа, ќе им стане конкуренција и ќе им ја земе популарноста на веќе докажаните јутјубери, останува да видиме, а дотогаш изгледајте го нејзиното видео, секако доколку веќе го немате изгледано.

escort - Korsan taksi