Воопшто не се согласуваат: Еве кои прекари си ги дале една на друга

16 јуни, 20200
Melania-vs-Ivanka-Trump-women-clashed-over-the-name-of

Меланија Трамп ја нарекувала Иванка, ќерката на Доналд Трамп, “Принцеза”, додека пак, таа на Меланија ѝ го дала прекарот “Портрет”, бидејќи зборувала многу малку.

Нивните прекари се откриени во новата книга “The Art of Her Deal: The Untold Story of Melania Trump, биографија која ја напишала новинарката на Washington Post, Meри Џордан.

Книгата го прикажува напнатиот однос помеѓу Меланија и ќерката на Доналд Трамп од брвиот брак, Иванка, којашто денес работи како негова советничка.

“Меланија ја слушнале како ја нарекува Иванка “Принцеза” – пишува Џордан и додава дека Иванка на Меланија ѝ го дала прекарот “Портрет”, затоа што зборувала еднакво често колку и еден портрет.

Белата куќа ги демантираше наводите од книгата.

Канцеларијата на Меланија тврди дека авторката на книгата не ја доставила целата листа со податоци на проверка, додека пак од канцеларијата на Иванка сметаат дека издавачите на книгата прво требало да ги проверат фактите и да ги достават до нејзината канцеларија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi