Youtube слави 15 години – Погледнете го првото поставено видео

24 април, 20200
Naslovna

Неверојатно е колку брзо времето лета и колку брзо може да се променат работите. Пред петнаесетина години – на 23 април 2005 година -Џавуд Карим го постави првото видео на YouTube со наслов „Јас во зоолошката градина“. Останатото, како што велат, е историја.

Карим е еден од основачите на „ЈуТјуб“, заедно со Стивен Чен и Чад Харли – а видеото „Јас во зоолошката градина“ е долго само 18 секунди. Тоа е единственото видео на каналот на Карим и има добиено повеќе од 90 милиони прегледи во изминатите 15 години.

Карим тогаш бил 25 годишен каде направил кратко видео од слонови во зоолошката градина во Сан Диего, Калифорнија.

Кратко по видеото на Карим, Youtube отиде во живо со бета-тест. И, до моментот кога официјално беше промовирана страницата во декември 2005 година, таа веќе добиваше милиони прегледи дневно.

Според Си-Ен-Ен, само една година откако Карим го создал и поставил видеото, Гугл го купил ЈуТјуб од Карим, Чен и Харли за 1,65 милијарди долари. Денес, платформата има повеќе од две милијарди корисници, и тие гледаат повеќе од една милијарда часови видео содржини секој ден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi