За се е виновен заводливиот танц: Шакира даде се од себе, а потоа се појави Џеј Ло!

3 февруари, 20200
Capture

„Ајде да им покажеме што можат да направат две мали латино девојки“, и рече Џенифер Лопез на помладата колешка пред да излезат на сцената на полувремето на NLF натпреварот на годината. И покажаа – и тоа како!

Колумбиската пејачка Шакира (43) и нејзината колешка, Џенифер Лопез (50) настапија на полувремето на Суперболот во Мајами, каде за помалку од 12 минути покажаа дека можат да пеат, да изведат стомачен танц, танцуваат околу шипка, да свират на тапани, гитара, изведуваат разни акробации и многу, многу повеќе!

Пејачките изведоа вкупно 20 песни, а прва настапи Шакира, која го отвори шоуто во провокативен фустан и чизми во црвена боја, танцуваше користејќи јаже како реквизит, ги покажаа нејзините карактеристични заводливи движења, дозволи публиката да ја носи, беше огнена, разиграна, весела …

И тогаш и дојде редот на Џенифер Лопез.

Исто како пред неколку дена, кога Шакира остана во сенката на Џенифер на прес-конференција за оваа пригода, изгледот на Џенифер сите ги фасцинираше. „Jenny from the block“ се појави во кожен костум, држејќи се на мaкета од зграда покажувајќи зошто е сè уште една од најголемите sвезди на светската сцена. Меѓу другото, таа демонстрираше вештина на сензуално танцување околу шипка што го совлада за потребите на филмот Hustlers.

Едноставно – незаменлива!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi