За вистинска господа – поразлична плоска за сите моменти

6 април, 20200
ploska

Сите се надеваме дека еден ден ќе заврши грижата за корона вирусот и животот ќе се врати во нормала. Тогаш ќе посакате да наздравите и да се напиете нешто квалитетно, па можеби е време да размислите да ја нарачате оваа плоска што ја најдовме на интернет.

Се разбира со години е јасно дека сè што замислувате и ви треба може да се најде на Ибеј, па така и оваа плоска која чини околу 4000 денари (плус поштарина) е најдена на овој огромен „интернет пазар“.

Дизајнот е потпишан од Хајкемп, а плоската Халфлајт 375 е изработена од челик кој не ‘рѓосува, што значи дека може брзо да стане вашиот најдобар пријател во сите временски услови. Ок, не мора секогаш да ставате нешто жестоко, понекогаш и смути е добра идеја…

Убаво е што пијалокот не мора да го истурате од плоската затоа што е дизајнирана на таков начин што еден дел е чаша која се отстранува и од неа можете да пиете како вистински господин. Обемот е солиден, 375 мл, што значи дека љубителите можат да складираат тука половина од некое добро вино.

За сите други работи и пијалоци, а пред сè мислиме на чаша добро виски, има повеќе од доволно простор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi