Жена му го ишишала толку лошо што на крајот морал да ја избричи целата коса! ?

9 април, 2020
Sisanje

Мажите во карантин низ целиот свет знаат колку е тешко да се предадеш во рацете на сопругата и се надеваат дека на крајот ќе имаат добра фризура. ?

Актерот Кори Пендергаст (42) ја замолил сопругата Емили, исто така актерка, да му ја скрати косата, а таа била толку уверена во своите способности што дури не користела чешел.

Резултатот бил толку лош што Кори после оваа ужасна фризура, ја земал машинката и ја избричал целата коса.

На задоволство на Интернетот, тие го снимаа и објавија целиот процес на Фејсбук. Снимката собра 2,7 милиони прегледи.

Емили кажа за BuzzFeed дека на нејзиниот сопруг му ја скратила косата само затоа што тој не може да оди кај фризерот (поради карантинот), а нејзината пријателка Алисон и рекла дека веројатно ќе ќе го ишиша ужасно и дека треба да снима сè. Емили ја послушала, и така настанала оваа снимка за памтење.

„Кори е, како што можете да видите, многу позитивен и љубезен, мислам дека беше шокиран кога ги виде неговите прамени во мојата рака“, рече Емили, додавајќи дека Кори сега ја цени својата фризерка Кејли многу повеќе.

Не го попуштајте ова смешно видео! ?