Зошто чекаме?Причината зошто излегувањето од авионот по слетувањето трае толку долго

30 април, 20200
avion

Тркалата на авионот конечно ја допреа пистата и застанаа, а патниците го зедоа својот багаж и дали може да излезат? Не толку брзо! Моментот на отворање на вратата што толку нестрпливо го чекаме (особено ако имаме врзан лет или брзаме кон тоалетот) може да трае десет минути, а понекогаш и подолго.

Честопати се прашуваме дали излезот навистина треба да трае и да трае, но екипажот на летот би рекол да. Причината за ова не е нивната бизарна желба да не држат во „заробеништво“ и намерно да го одложат отворањето на вратите. Пилотите и придружниците на летот мора да се придржуваат кон пропишаниот протокол.

Знакот дека можеме да ги одврземе ремените се појавува откако авионот ќе запре, но пред да се отворат вратите, персоналот има многу работа. Пилотите мора да ги исклучат моторите и светлата како знак дека екипажот може да пристапи кон авионот.

Скалите се внесуваат само кога се исклучени сите мотори и светлосни сигнали.

Две минути не се доволни за да се заврши сето тоа, а притоа и механиката може да задоцни, што прави сè покомплицирано.

Постапката понекогаш трае некое време, бидејќи екипажот на пистата ги има полни раце работа со авионот што пристигнал пред тоа, што ќе нè натера да почекаме уште подолго. Бидејќи не можеме да го забрзаме моментот кога конечно ќе поминеме низ вратата, најдобро е да седнеме и да прелистуваме низ списание или да разгледувате фотографии во вашиот мобилен телефон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi