Зошто Кејт Мидлтон никогаш нема да стане кралица?

22 јули, 2020
kralica

Правилата на Британското кралско семејство се комплицирани, а сопругата на 38-годишниот принц Вилијам, Кејт Мидлтон, никогаш нема да стане кралица заради нив, пишува mylondon.news. Имено, Вилијам е втор по ред за титулата крал, по неговиот татко, принцот Чарлс. Но, кога еден ден Вилијам ќе го заземе престолот, 38-годишната војвотка од Кембриџ нема да биде наречена кралица како што се очекуваше, откри експертот за кралско семејство, Марлен Коениг.

Kate Middleton

Официјалната титула на Кејт нема да биде „Кралица Катерина“, туку „придружна кралица“, вели експертот, бидејќи Кејт не била родена во кралското семејство, туку станала дел од него со брак. Присуството на „сина крв“ при раѓање се чини дека е клучно во кралската хиерархија, но затоа децата на Кејт и Вилијам не треба да се грижат за тоа затоа што тие се родени во кралското семејство. Ова значи дека, на пример, шестгодишната принцеза Шарлот еден ден би можела да стане кралица, се разбира, ако нејзиниот едногодишен брат, принцот Џорџ, се откаже од своето право на престолот пред тоа.

Princ George

 Но, иако таа не би се нарекла кралица во целосна смисла на зборот, одговорностите на Кејт би биле исти како да е кралица. Таа ќе продолжи да го поддржува својот сопруг во нејзините кралски должности, да оди на официјални посети со него и да учествува во работата на бројни хуманитарни здруженија и фондации. Интересно за сето ова е правилото дека, во случај Вилијам да умре додека Кејт е сè уште жива, принцот Џорџ би станал крал, а Кејт тогаш би можела да избере дали сака нејзината официјална титула да биде „кралицата Катерина, кралицата Мајка“.