Зошто не се сеќаваме на периодот кога сме биле бебе? Виновен е овој феномен!

25 април, 20200
детство

Повеќето од нас не можат да се сетат на работите пред нашата трета година, а за тоа е виновна детската амнезија. Експертите велат дека треба да им создаваме спомени на децата, без разлика што само ние се сеќаваме на нив.

Во анимираниот филм на Дизни “Inside Out” се покажува детската амнезија на дело, кога Бинг Бонг, имагинарниот пријател на Рајли на крајот е заборавен поради заборавените сеќавања. Судбината на Бинг Бонг е всушност неизбежен дел од растењето.

Постои уште една причина за детската амнезија

Според една докторка, ние немаме развиена способност да се сеќаваме на работи кои ни се случувале пред да научиме течно да зборуваме. А вербалниот јазик станува течен дури кога детето ќе наполни три години.

Кога почнуваме да ги памтиме сеќавањата?

Најчесто сеќавањата од раното детство започнуваат од третата година. Но истите почнуваат да се губат некаде во седмата година. Сепак, овие сеќавања не се засекогаш изгубени. Иако се смета дека свесното памтење почнува од третата година, постои сензорно емоционално искуство кое може да оживее подоцна во животот, кога слична случка ќе се појави.

Одличен пример за сензорно сеќавање е мирисот, кој многу години подоцна може да создаде слика или чувство на присутност на нашата мајка на пример.

Експертите сметаат дека на децата треба да им се даде пристап до нивните рани сеќавања со помош на прераскажување на случки од нивното рано детство, гледање на албуми од раѓањето и раните години на детето. На тој начин децата развиваат свесно памтење и говор.

Зошто секогаш треба да создавате спомени за вашите деца?

Инфантилната амнезија не е причина да не го славите првиот роденден на вашето дете или вашето двегодишно дете да не го однесете во кино. И понатаму останува важно да правите разни работи со вашите мали деца, иако тие на тоа нема да се сеќаваат кога ќе пораснат. Делењето искуство ве поврзува со вашето дете и му помага да го осознае светот околу себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *