Интернетот е убеден дека ОВА е новото момче на Кајли Џенер: Ги поминаа последните недели заедно, па дури и отпатуваа сами во Париз

30 август, 2020
kylie-fai

Ако ги следите Кајли или Кендал Џенер на Инстаграм, дефинитивно сте виделе личност по име Фаи Кадра на нивните фотографии.

Овој модел е близок со двете сестри, а минатата година дури присуствуваше на венчавката на Џастин Биебер и Хајли Болдвин со Кендал. Поради некоја причина, Интернетот сега смета дека Фаи и Кајли се заедно.

Двајцата ги поминаа последните недели заедно, па дури и пред извесно време отпатуваа сами во Париз, еден од најромантичните градови во светот. Дури и на фотографиите што ги објавуваат изгледаат интимни.

За време на неодамнешното патување во Јута, Кајли и Фаи објавија и серија фотографии на кои изгледаат како совршен пар.

Како што веќе рековме, Фаи веќе некое време е во животот на славните сестри, а тој и Кајли првпат беа видени во јавност во јуни годинава. Пред тоа, тие минатата година заедно ја посетија роденденската забава на Диди.

И сега големиот крај: Американските блогери пишуваат дека Фаи всушност бил во врска со Џордин Вудс и дека тоа е всушност една голема забава за секого. Тоа би значело дека Кајли е во врска со поранешното момче на поранешната пријателка. Дали е тоа така, останува да видиме, но нема сомнение дека навиваме за овој пар

.