Инвестираше повеќе од милион евра за да биде иста како Ким: „Хирургот ме предупредува да престанам со ботокс“

18 ноември, 2020
ким

Инфлуенсер и модел на Инстаграм, Чали ДН потрошила повеќе од милион евра за да изгледа што повеќе како американската ријалити sвезда Ким Кардашијан.

Убавата бринета признава дека често оди на бројни естетски третмани, како што се ботокс и операции. Таа не крие дека понекогаш знае да претера во разубавување и дека хирургот ја предупредува „да забави малку“.

Покрај операциите, таа троши многу пари и на скапа дизајнерска облека, што ја носи и нејзината омилена Кардашијан.

Во интервју за Дејли Стар, Чали изјави дека нејзиниот живот стана копија од животот на Ким Кардашијан.

Само што ја видов нејзината фотографија за прв пат, сфатив дека изгледа неверојатно – вели Чали. – Ја следев на Инстаграм и кога и да видам нова фотографија од Ким, не можев а да не се запрашам: ‘Боже, дали сум тоа?’

Чали и Ким имаат многу сличен стил:

Сè што гледам на неа, сакам да го имам.

Така, „Кардашијан од Лондон“ даде 4.500 евра за фустанот на Балмен како што го носеше Ким, околу 8.000 евра за палтото на Живанши и повеќе од 1.100 евра за чевлите што претходно ги виде на најпознатата Кардашијан.

Сепак, се чини дека нејзината најголема опсесија се чантите. Таа признава дека им дала цело богатство.

Јас секогаш морам да ги менувам чантите, затоа што морам да ја следам Ким – вели Чали, која во својата колекција има чанти со потпис на Луј Витон, како и една од Живанши, која чини 4500 евра.

Но, тврди таа, парите не и се важни – поважно и е секогаш да биде како Ким во сè.

Јас сум инфлуенсер, што значи дека другите следат сè што носам. Затоа секоја сезона треба да купувам брендирани парчиња што се носат тогаш, иако моето хоби не е воопшто ефтино.

Таа е сигурна дека нејзината инвестиција во проектот „Јас живеам како Ким“ ќе се исплати, ако не заради друга причина, освен 730 000 следбеници на Инстаграм.

Луѓето ме запираат на улица, на забави, каде и да се појавам и сакаат да се сликаат со мене затоа што мислат дека сум Ким. Тоа е најголемиот комплимент што можам да го добијам. Ја сакам Ким и го сакам нејзиниот изглед. Таа е најубавата жена на светот и вистинска икона – смета Чали.

Што мислите, дали се исплати нејзината инвестиција?

escort - Korsan taksi