Иранската Анџелина Џоли (19) е осудена на 10 години затвор!

12 декември, 2020
f4c7e65d-bb5e-4145-8430-01264b321d10

ИРАНСКАТА Анџелина Џоли, Сахар Табар, е осудена на 10 години затвор. 19-годишната Табар, чие вистинско име е Фатемех Кишванд, беше уапсена минатата година за своите активности на социјалните мрежи. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република, сето тоа затоа што на Инстаграм објавила крајно изменети фотографии од своето лице.

Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомбито Анџелина Џоли“ или „Иранката Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеа скоро половина милион луѓе. “Секоја нова фотографија ја уредувам сè повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешно. Тоа е форма на изразување, форма на уметност. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице”, рече тинејџерката во 2017 година.

Првичните обвиненија против неа вклучуваа богохулење, поттикнување на насилство и остварување приход од несоодветни средства, но таа беше ослободена. Иранската државна телевизија го емитуваше нејзиното покајание кон крајот на октомври минатата година, а снимката предизвика голема симпатија во јавноста.

Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала од ментална болест и дека во последните десет години посетувала психијатриски институции, но судот сепак одлучи да ја осуди на 10 години затвор. Во април, таа се зарази со корона вирус во затворот и заврши во болница поради тешкотии во дишењето. Сахар сè уште се надева на помилување, па не сакаше да коментира ништо, пишува Гардијан.