Ирина Шајк и Бредли Купер имаат новости што се големо изненадување!

30 мај, 20200
Heavenly Bodies: Fashion & The Catholic Imagination Costume Institute Gala - Arrivals

Еден од најубавите парови во Холивуд реши да и даде уште една шанса на љубовта!
Ирина Шајк и Бредли Купер повторно се во врска, јавуваат светските таблоиди.

Иако зад манекенката и актерот имаше бурен период, што резултираше со раздвојување, емоциите меѓу нив сеуште се толку силни што решија да ги заборават сите кавги.

Тие не зборуваа за разделбата во медиумите, а во едно од ретките интервјуа таа призна дека нејзиниот живот е сосема поинаков од неговото заминување.

„Животот без него е сосема различен. Целиот свет ми се преврте“ – искрено рече моделот во интервју за мартовското издание на британскиот број на магазинот Вог и додаде: – Мислам дека во секоја добра врска секој од нас дава се од себе, најдоброто но и најлошото – тоа е едноставно во природата на човекот. Двајца одлични луѓе одделно, не мора заедно да бидат одличен пар- рече тогаш Ирина.

Откако се разведоа, Ирина и Бредли не ги претставија своите нови партнери пред јавноста. Затоа привлече големо внимание кога моделот неодамна беше фатен во друштво на милионерот Вит Шнабел, кој досега бил во врска со многу убавици, меѓу кои и Хајди Клум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi