Ирина Шајк призна дека се “распаѓа” по разделбата со Бредли Купер

26 јули, 2020
gettyimages-1090792846

Иако изгледаа како совршена двојка, актерот и добитник на Оскар, Бредли Купер, и рускиот супермодел, Ирина Шајк, ја прекинаа четиригодишната врска минатата година, во текот на која ја добија двегодишна ќерка Леа Де Син. Разделбата беше особено тешка за Ирина, која се грижи за нивната ќерка. – “Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да живееш сам со дете и да се грижиш за него, а во исто време да бидеш деловна жена која заработува за семејство. Верувај ми, има денови кога се будам и размислувам: O Боже, не знам што да направам, се распаѓам” – призна Ирина.

Рускиот супермодел, откако се раздели од Бредли, се обиде да објасни што се случило меѓу нив. “Двајца одлични луѓе не мора да бидат одличен пар. Мислам дека во сите добри односи луѓето го добиваат најдоброто од себе, но и најлошото”, рече таа во тоа време, воопшто не осврнувајќи се на музичката ѕвезда, Лејди Гага и сите трачеви дека Бредли ја остави Ирина затоа што се за заљуби во Гага, додека го снимаше филмот “The Star is Born”

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi