Искрено признала ,,Жал ми е што не го пуштив да легне и да спие со мене“

8 септември, 2020
profimedia-0400448016

Актерката и една од најголемите американски политички активисти, 82-годишната Џејн Фонда даде многу искрено интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое потсетува на почетоците на нејзината кариера, но откри и неколку пикантерии од богатиот љубовен живот, но и една одлука за која жали.

Имено, Фонда изјави дека и е жал што не спиела со американскиот пејач, продуцент и текстописец Марвин Геј, кој трагично почина во 1984 година, откако неговиот татко го застрела двапати со пиштол. Патем, интересен е податок од бројни научни истражувања дека музиката на починатиот уметник е една од најпопуларните во спалните соби.

„Тој сакаше, а јас не. Јас бев омажена со Том Хејден. После неговата смрт, дознав дека тој ја чувал мојата фотографија на својот фрижидер, многумина мислат дека жалам што не спиев со Че Гевара, бидејќи некој го рече тоа еднаш, но тоа не е точно. Жал ми е за друг човек “, рече актерката, која се омажи за социјалниот активист Том Хејден во 1973 година и беше во брак 17 години. Покрај него, таа беше омажена за покојниот сценарист Роџер Вадим и за претприемачот Тед Тарнер.