Испливаа нови детали – Меган урла, Кејт плаче, а Хари е сведок на сето тоа!

6 јули, 20200
брит

Некои луѓе од дворот зборуваат повеќе отколку што треба. Во дворот и онака има многу луѓе, и секогаш ќе се најде некоја “птица” … – раскажува за британскиот медиум Том Квин, автор на новата книга за настаните во кралскиот двор „Интимни мемоари: од кралицата Мери до Меган Маркл“.

Г-дин Квин има напишано околу 90 книги во својот живот, а половина од нив се за палатата. Тој го посвети својот живот да го следи кралското семејство, а сите, се разбира, најмногу ги интересира „избеганата“ Меган Маркл(38).

– Меган и Хари живееја одвоени од остатокот на семејството, во пет пати помалку квадрати од, на пример, Вилијам и Кејт. Ова ја натерало поранешната актерка да се чувствува како да не припаѓа таму, како да е гостин во дворот. Имаше чувство дека никогаш нема да ја добие почитта и третманот што го има Кејт – се наведува во еден извадок од книгата.

Додека живееја во Велика Британија, браќата и нивните сопруги честопати се дружеа. Па, поретко. Па потоа едвај. Сето тоа наводно поради еден инцидент. Една вечер Меган ги изгуби своите нерви и почна да и вика на една вработена од персоналот на Кејт Мидлтон (38).

– Меган ги замоли слугите да направат нешто за неа. Тие и рекоа дека нема затоа што работат за Кејт. Така оди протоколот во дворот. Секој има свој персонал. Но, Меган целосно ги загуби нервите и почна да вика. Таа извика дека е дел од дворот и заслужува да биде почитувана. Тогаш врската помеѓу Кејт и Меган беше трајно нарушена. Кејт не можеше да верува во тоа, имаше солзи во очите, таа не беше навикната на вакви испади. Хари и Вилијам само гледаа. Подоцна, тие се обидоа да ја подсмират ситуацијата, но, еве, можете да видите колку биле успешни во тоа – иронично рече авторот Квин.

Но, Кејт не беше најголемиот проблем на Меган во дворот. Далеку од тоа. Британските таблоиди веруваат дека Меган смета дека таа била најмногу изневерена од кралицата Елизабета (95). Кога се запознале, Меган се воодушевила од едноставноста, виталноста и ставот на кралицата и во неа видела сојузник. За неа беше тешко да се прилагоди на новиот живот и на сите овие правила, а потоа се појави најважната личност во целата палата и сето тоа и го олесни. Се додека Меган не се соочи со таблоидите и со нивните „модус операнди“.

– На почетокот не и пречеа новинарските написи. Таа беше актерка и се имаше навикнато нејзиниот живот да биде интересен за медиумите. Но, таа не знаеше дека ова беше сосема друго ниво. Таа пред тоа беше актерка од Ц листата, а сега стана дел од можеби најпознатото семејство на светот. Мислеше дека кралицата ќе ја заштити од сè, но кога таа ги започна судските постапки против таблоидите, кралицата не и пружи поддршка, пишува Daily Mail.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi