Испотено селфи од Џеј Ло од тренингот по прославата на 51виот роденден

26 јули, 20200
Annotation 2020-07-26 164722

После забавата веднаш се фрли на тренирање

Латино дивата Џенифер Лопез наполни 51 година на 24ти јули (иако е тешко да се поверува во тоа), а роденденот, како и секогаш, го прослави на начин кој се памти. Дури и во овие услови на пандемија.

Нејзиниот вереник Алекс Родригез ја изненади својата понежна половина со совршено романтична декорација на домот, а славната убавица лиеше солзи радосници.

Не ги заборави ни своите фанови, а новата година од својот живот ја започна токму онака како што очекуваа милионските следбеници – со секси селфи после напорен тренинг.

За Џеј Ло тоа сигурно не било напорно со оглед на тоа дека е во одлична форма и изгледа, како што многумина велат, барем 15 години помладо, а и сите знаеме колку е посветена на вежбањето.

Совршен задник, рамен стомак, стомачни… Кој би поверувал дека е во шестата деценија.

– Штотуку завршен тренинг после роденденот – напиша Џенифер.

Но, да добро прочитавте, не е грешка, оваа жена има 51 година, а толку е затегната што дури и дваесетгодишничките и завидуваат на тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *