Истрчаа маратон во карантин! Woow:)

31 март, 20200
маратон на тераса

Во време на карантин заради коронавирусот, луѓето затворени во своите домови настојуваат да се занимаваат со разни спортски активности, а еден јужноафрикански пар на својата тераса во Дубаи успеа да истрча маратон.
Колин Алин (41) и неговата сопруга Хилда во саботата на својот балкон долг 20 метри успеале да истрчаат 42,2 километри, претрчувајќи го балконот повеќе од 2100 пати.
На фотографијата споделена на социјалните мрежи на која е прикажана штоперка, може да се види дека маратонот го истрчале за 5 часа, 9 минути и 39 секунди
“Успеавме”, напишал Колин на Инстаграм со хаштаг #балконскимаратон. Потоа и честитал на сопругата за нејзиниот прв истрчан маратон,а се заблагодарил и на сите оние кои ги охрабрувале додека ги следеле онлајн.
”Луѓе, ви благодарам за поддршката. Беше супер да се трча заедно со вас”, напишал Колин.
Џина (10), ќерката на Колин и Хилда била во улога на судија. На балконот поставила натписи “Старт” и “Цел” и за време на маратонот ги снабдувала родителите со вода и грицки, пуштајќи им стимулирачка музика.
Колин најавил организација за “поголема, сеопфатна трка во која ќе се вклучат повеќе судии”. Ќе можат да им се придружат сите оние кои се затворени во своите домови, а би сакале малку да ги “истегнат нозете”, и заедно со нив да претрчаат барем неколку километри.

“Сакаме да им помогнеме на луѓето да ги оттргнат мислите од проблемите и да размислуваат за нешто друго… и да се поврзат меѓусебно во мигови кога сме сите загрижени заради ширењето на коронавирусот” изјавил Колин во петокот, пред маратонот.
Слична идеја имал и 32- годишниот Французин кој својот балкон долг 7 метри го поминал повеќе од 6000 пати. Со својот подвиг се пофалил на Инстаграм. Неговите следбеници го охрабрувале во текот на маратонот, кој траел повеќе од шест часа.
Уште еден Французин ја претрчал својата тераса 727 пати, истрчувајќи вкупно 42,2 километри за повеќе од пет часа. Бил награден со долг аплауз од соседите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *