Иван Рон за сцена во „Game of thrones“: „Тој ден беше најлош во мојата кариера“

Sвездата на „Игра на тронови“, Иван Рон, разговараше за грозоморната сцена на силувањето за неговиот лик Рамзи Болтон со Санса Старк. 35-годишникот го опиша моментот, кој се случи во епизодата Unbowed во 2015 година, како „најлошиот ден во неговата кариера“. Рамзи ја силуваше својата нова сопруга Санса, која ја играше Софи Тарнер, на нивната брачна ноќ, принудувајќи го Теон Грејој (Алфи Ален) да гледа.

‘ Беше многу, многу тешко за гледање. Тоа е ужасна работа што се случува, за жал, и не треба да биде. Тоа беше најлошиот ден во мојата кариера. ‘
Иван продолжи да го споредува моментот со некои други злобни дела што ги извршил Рамзи, објаснувајќи како овој момент е најнепријатната работа што ја направил.
Поранешната sвезда на „Мисифитс“ продолжи: „Отсекување нечиј прст, вие навистина не го гледате тоа, и кога правите како одблизу, тоа е парче пластика. Ние само глумиме, тоа не е реално. „Тогаш, такво нешто каде што сте во реалната реалност на ситуацијата, е многу тешко да се справите. Беше ужасен, ужасен ден.
