Излезе фотографија од дружбата на Ким Кардашијан и Мик Мил, поради што Канје сака развод

24 јули, 20200
Annotation 2020-07-24 192708

Канје Вест на почетокот на оваа недела напиша дека се обидува да се разведе од Ким Кардашијан веќе две години, откако се запозна со раперот Мик Мил во хотелот „Валдорф“, за да разговара за реформите во затворот.

Порталот TMZ излезе со снимка од таа средба и дефинитивно не е како што очекуваа фановите на Канје.

На него може да се видат Ким и Мик, но не во хотелска соба. Не сами. Наместо тоа, тие ручаат со филантропот Клара Ву Цаи. Фотографијата можете да ја видите овде.

Дека откритијата на Канје за прељубата биле лага веќе навести Мик, кој напиша: „Ова е срање“.

ТМЗ разговараше и со Ким и Мик и двајцата негираа прељуба, а членовите на семејството Кардашијан се загрижени за Канје бидејќи страда од биполарно растројство.

Ким на почетокот на оваа недела објави дека семејството е немоќно за сè, а Канје е генијален, но комплициран.

“Оние кои ги разбираат менталните болести или компулсивното однесување знаат дека семејството е беспомошно освен ако не се работи за малолетник. Знам дека Канје е предмет на критика затоа што тој е јавна личност и неговите постапки предизвикуваат силни емоции и мисли. Тој е генијален, но комплициран човек кој, со притисок да се биде уметник со темна кожа, чувствува болка поради губитокот на својата мајка и се справува со притисокот на изолација засилен со неговото биполарно растројство. Оние што се блиски до него ја знаат неговата душа и сфаќаат дека неговите зборови понекогаш не одговараат на неговите намери “, напиша Ким.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *