„Измијте ги рацете од крв“: Јелена Крлеуша повторно со бура на социјалните мрежи

28 април, 2020
Jelena

Популарната пејачка не сака теми кои смета дека се битни, да бидат запоставени.

За Јелена Карлеуша е познато дека е веган, а таа честопати упатува апел до јавноста да се откаже од потрошувачката на месо и употребата на производи што убиле животни.

Таа повеќе пати ја крена прашината во домашната јавност преку социјалните медиуми за да се осврне на оваа тема, а тоа несомнено ќе биде случајот по оваа најава.

Имено, Карлеуша сподели на Инстаграм слика на која пишуваше „Измијте ги рацете од крв. Бидете вегани“.