„Ја гледав мајка ми како го убива татко ми“! Оваа фатална русокоса го полуде целиот свет, а веројатно не сте ги знаеле страшните детали за неа!

22 декември, 2020
[enon

Шарлиз Терон (45) имаше само 15 години кога се случи најстрашниот настан во нејзиниот живот – нејзината мајка Герда го уби таткото на актерката Чарлс во самоодбрана.


Имено, таткото на Шарлиз Терон бил алкохоличар и една ужасна ноќ во 1991 година, тој влегол вооружен во просторијата каде што биле актерката и нејзината мајка.

Татко ми беше толку пијан што едвај одеше кога влезе во куќата со пиштол. Јас и мајка ми се потпревме на вратата од спалната соба за да го спречиме да влезе. И тогаш пукаше низ вратата три пати. За среќа, ниту еден куршум не погоди, тоа беше чудо. Таа го уби во самоодбрана за да нè спаси – изјави актерката.

Не се срамам да зборувам за тоа затоа што мислам дека колку повеќе зборуваме за такви работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во тоа. Мојата приказна е приказна за растењето со зависник и што и прави на некоја личност. Секако дека посакувам таа ноќ никогаш да не се случила. Но, за жал, тоа е она што се случува кога не ги решавате тие проблеми во основата – заклучи таа.

escort - Korsan taksi