ЈА ИСКОРИСТИ МОЖНОСТА: Зад желбата на Анџелина за децата лежи пеколен план

11 ноември, 2020
profimedia-0474395224

Дали ќе ѝ успее?

Од објавувањето на крајот на нивниот брак во 2016 година, американската актерска двојка, 45-годишната Анџелина Џоли и 56-годишниот Бред Пит, се борат за старателство над шестте заеднички деца, 19-годишниот Медокс, 16-годишниот Пакс, 15-годишната Захара, 14 -годишната Шило и 12-годишните близнаци Вивијан и Нокс. И иако во јавноста и двајцата оставија впечаток на грижливи родители кои го сакаат најдоброто за своите деца, според најновите пишувања на списанието „New Idea“, зад желбата на Анџелина да добие целосно старателство над своите деца всушност стои пеколен план.

Имено, како што објасни споменатиот медиум, актерката е решена да му ги земе децата на својот поранешен сопруг, но и пари, па наводно решила да прифати само поевтини филмски проекти во иднина со цел да ги намали вкупните приходи. Со оваа одлука, Анџелина ќе го принуди Бред да ѝ плаќа алиментација за децата, што доколку судот донесе одлука во нејзина корист и ако добие целосно старателство, таа би било уште поголема.

Исто така, според извор кој откри детали за планот на Анџелина за американскиот таблоид, друга причина зошто 45-годишничката инсистира на одлуката да се прават исклучиво поевтини филмови лежи во фактот дека во тој случај таа би се однесувала на суд како самохрана мајка која и покрај неповолната финансиска ситуација, сака да се грижи за децата. Со тоа, таа би собрала дополнителни поени кај судиите кои одлучуваат како ќе заврши една од најпознатите саги за старателството над децата.

escort - Korsan taksi