Ја нападнаа Ријана: “Ова е срамно и патетично. Извини им се на сите муслимани!”

6 октомври, 2020
f0c583f3-4a5f-454c-a573-cbe38c9a7c5d

Лутите корисници на социјалните мрежи бараат Ријана „да им се извини на сите муслимани“ откако песната што ја пушташе на нејзината ревија за долна облека содржеше свет исламски текст на хадис.

На Твитер се појави видео во кое моделите носат парчиња од нејзината колекција „Savage x Fenty“, додека во позадина се врти песната „Doom“ на лондонскиот продуцент Кокоу Клои, која содржи свет хадис.

Тоа е текст кој, според муслиманското верување, го изговорил пророкот Мухамед за време на неговиот живот. Песната „Doom“, пак, зборува за Судниот ден и враќањето на Исус.

Иако песната на ревијата е забрзана, па затоа хадисот потешко се препознава, оние што ја знаат брзо сфатија за што станува збор.

“Зборовите не можат да опишат колку сум разочарана како муслиманка што Ријана им дозволи на манекенките да танцуваат на хадис. Ова се светите зборови на нашиот пророк, не можете да ги користите на ревија за долна облека. Одвратни и навистина без никакво почитување”, е еден од многуте коментари.

“Тишина за тоа што Ријана го користи хадис. Тоа е непочитување на муслиманите ширум Светот. Ние сакаме таа песна да биде отстранета. Сакаме извинување. Ова не треба да се сфаќа така лесно”, е друг коментар на оваа тема.

“Таа излегува со муслиманка со години, не можете да кажете дека не е свесна за тоа што го стори. Ве молам замолчете”, додаде друг коментатор.

„Како муслиман сум длабоко навреден од ова, ова е срамно и патетично. Сите оние кои не се муслимани и ја бранат Ријана треба да научат да ги почитуваат сите вери и да соберат храброст да зборуваат за тоа што е лошо“, посочува тој.

Ријана ја искористи истата песна во 2017 година за време на ревијата Fenty x Puma.

escort - Korsan taksi